Под наслов ” Светлост во темнината” , во Македонскиот културен центар во Њујорк, денеска ќе биде отворена изложбата на охридскиот фотограф Зоран Велјаноски Летра.
Изложбата ќе биде посветена на вонвременската убавина на вечниот Охрид, градот на европската и светската културна цивилизација. Фотографиите се изработени во ретко употребувана техника, а во препознатливиот стил на импресионизмот, ренесансата и звукот на поезијата што преовладува на секоја фотографија.
Изложбата на фотографии на Зоран Велјаноски Летра во Њујорк ќе биде отворена до 30- ти март.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com