Бисерот на Македонија Охрид и Охридското Езеро, биле дел од туристичката презентација, „Претставувајќи ја Македонија“, која деновиве била објавена во рамки на радио-програмата на Австралиското национално радио АБЦ.
Охрид бил прикажан како место кое треба да се посети, поради неговото културно богатство и духовно значење што го има за Македонија. Исто така, се укажува и на изобилството од археолошки локалитети, како и на манастирите особено на преубавиот „Свети Наум“.
Покрај Охрид во туристичката презентација за Македонија, било објаснето дека тоа е земја која е вистински рај за вљубениците во природата, со неверојатен дух на мистерија. Раскошните пејзажи низ планинските предели нудат можности за планински велосипедизам, за алпинизам и други зимски спортови.












