Во рамки на проектот „Macedonia loves you“ започна кампањата за промоција на Охрид и Македонија во Полска.

Во еден од најпопуларните полски неделни магазини, „Свет и луѓе“, објавен е текст „Езерото чии води го паметат Александар Македонски” , во кој на шест страници се претставени убавините на Охридското езеро.

Овој текст е само дел од серијалот “Патувања од соништата”, преку кој ќе се врши промоција на природните и културни вредности на Охрид и Македонија во оваа земја.

Проектот “Macedonia loves you”, чија основна цел е промовирање на убавините на Македонија, започна во 2007-ма година.

OhridNews