Средношколката Натали Башоска од охридско Пештани, ученичка во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, продолжува со своето хоби- изработка на фотографии и видео материјали низ кои ги промовира природните и културно- историски вредности на Охрид и околината.

Во рамки на училишните активности, како дел од образовниот проект на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“, талентираната Башоска освен фотографии изработи и краток промотивен филм за локалитетот „Свети Наум“, кој за прв пат пред јавноста се промовира на OhridNews .


Јавноста преку OhridNews веќе имаше можност да го види претходно изработениот видео материјал на Башоска за црквите во Охрид.


OhridNews