Машката јуниорска ракометна репрезентација претпре пораз на стартот на квалификациите за Светското младинско првенство што ќе се одржи во Грција.

Во првата рунда избраниците на Стојан Петрушевски во Вршац беа поразени од Исланд со 37:24 (21:13).

Македонија утре со почеток од 13 часот ќе го одигра вториот квалификациски меч против домашната селекција на Србија, додека последниот се игра во недела во 14 часот против Естонија.
Само најдобро пласиранта селекција ќе обезбеди пласман на планетарниот собир.

М.П.