За охриѓани поразот од Карпош Соколи е втор во низа откако во првото коло поразени се вратија од гостувањето кај фенерџијата во лигата Неготино.
Причина за поразот пред своите гледачи е очајната слаба втора четвртина во која избраниците на тренерот Весна Балазаоска постигнаа само два поени, а примија 25 поени.
До крајот на мечот гостите рутински ја одржаа предноста и успеаја да ја зголемат на неверојатни 34 поени разлика.
Охридските кошаркари првата победа во пролетниот дел од сезоната ќе ја бркаат на гостински терен против Ангели.