Во катастрофални услови за игра охридските фудбалери претрпеа убедлив пораз 6-0 на гостувањето кај Врапчиште во 20-та рунда од Втората македонска фудбалска лига.


Домаќините трите бода ги осигураа уште во првиот дел кога имаа водство од 3-0. Во вториот дел продолжи канонадата кон голот на охриѓани со уште три погодоци за конечни 6-0 и убедлив триумф за Врапчиште.

Охриѓани го претрпеа третиот пораз во четвртата рунда од пролетниот дел во првенството и сериозно го загрозија опстанокот во Втората лига.

Во 21-та рунда “рибарите“ гостуваат во Скопје кај аспирантот за висок пласман тимот на Еуромилк.

Мх.П.