Македонската ракометна репрезентација со пораз од Олимпискиот шампион Данска 31-20 (12-12) ги заврши мечевите на Европското првенство во Хрватска.

„Црвено жолтите“ одиграа две различни полувремиња со Данска која со победата ја завер првата позиција во втората група од главната фаза.

Македонија добро парираше во првиот дел кој заврши егал 12-12. Во второто полувреме данците додадоа гас, а нашите ракометари без здив немаа сила да го пратат темпото и убедливот пораз беше неизбежен (31-20).

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес шанса им даде на помладите ракометари кои акумулираа искуство за следните предизвици.

Со три порази во исто толку мечеви во главната фаза Македонија ќе заврши на последната позиција во групата и на ЕП ќе финишира на 11-то место.

OhridNews