Екипата на Атлетико Мадрид извојува лесна победа на домашен терен против тимот на Гранада триумфирајќи со високи 6-1 (1-0). Победата покрај шесте голови ќе остане запаметене по успешното деби на Луис Суарез. Уругваецот кој пред неколку дена им се приклучи на „јорганџиите“ стрелаше два пати во мрежата на противникот. Во листата на стрелци за Атлетико Мадрид уште се запишаа Диего Коста, Анхел Кореа, Жоао Феликс и Маркос Љоренте.

OhridNews