Во оружен инцидент што се случил утрово убиен е градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи. Смртта ја констатирале лекарите во тетовската болница каде бил пренесен застреланиот Идризи.
Како што пренесува „Макфакс“, ѕбиството го извршил Абази Ќани (1964) од с.Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, по што со возило на итната медицинска помош е биде пренесен на клиниките во Скопје.
OhridNews