Еден полицаец е убиен во кумановско Средорек, кога заедно со тројца колеги отишол во семејна куќа да интервенира по пријава за семејно насилство.
При интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот. Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош.
Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.
OhridNews
извор Макфакс