Водачот на навивачите на Црвена ѕвезда од групата ’Хиени’, Велибор Дуњиќ (27) е убиен синоќа во Ушче, додека девојката со која бил во автомобилот е тешко ранета, објави Блиц, пренесува „Макфакс“.
Засега непознат напаѓач пикал во Дуњиќ непосредно откако тој со девојка влегол во неговото возило BMW. Во пукањето била повредена и девојка на возраст од 27 години која била префрлена во Ургентен центар и истата се наоѓа во животна опасност.
Според првичните сознанија на полицијата, станува збор за криминална пресметка.
Велибор Дуњиќ е познат по бројни тешки кривични дела. Еден од водачите на навивачката група на Црвена Звезда во декември минатата година беше осуден на две години затвор поради напад на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ. Претходно бил осуден на четири години затвор поради обид за убиство, а со амнестија е ослободен во ноември 2012 година. Против него се поднесени 40 кривични пријави за дела поврзани со дрога и насилство.
Групата ’Хиени’ претставува помала фракција, подмладок на навивачите на Црвена ѕвезда и е основана во блоковите 21 и 25 во Нов Белград. Позната е по скратениците ХЦЗ и Х21, а меѓу навивачите на црвено-белите важат за екипа чие време допрва доаѓа.
OhridNews
Извор:„Макфакс“