Охриѓанката Зорана Лебедик, која во неделата беше убиена на Флорида додека возела велосипед, најверојатно не била ограбена, соопшти локалната американска полиција.

Оттаму појаснуваат дека ранецот кој несреќната Зорана го имала со себе бил полн и не се знае дали воопшто од него нешто било одземено.

Се претпоставува дека охриѓанката можеби ги видела напаѓачите кои претходно ограбиле локален жител одземајќи му мобилен телефон.

Осомничени за убиството се двајца афроамериканци кои возеле седан автомобил, по кои трага американската полиција