Куќа на Робевци
Од 17.06.2022 - 20:00 до 17.06.2022 - 21:30
На 17 јуни, петок, во 20 часот, во Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, во галеријата Куќа на Робевци, ќе биде отворена јубилејната самостојна изложба на Блаже Докуле , под наслов „ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА“.

Припаѓа на третата генерација македонски карикатуристи која се појавува околу 1970 година, генерација со силен нов бран во светот на домашната и светската карикатура. Најнапред црта под влијани на француските мајстори на еротска карикатура Ласлави и Ховив, потоа силен впечаток му оставаат Борн, Барток и Забрански, а ги почитува и домачните автори Костовски, Анѓелкоски, Бороевиќ, Пејчинов, Игњат, Џајков, Филипов Јоциќ и неговиот наставник од основно училиште Петровски.
Црта класична карикатура со особен свој стил како и стилизиран и „чист“ кроки стил на Волински и Рајзер. Блаже Докуле отворил три самостојни изложби во Книн 1980 година Битола 1999 година и во Струмица 2001 година.
Добитник е на над 50 меѓународни и домашни награди од Кореја, Русија, Турција , Романија, Словачка меѓу нив и 4- ти Ноември – Битола и В. П. Цицо за животно дело како и „Гран при“ златени, сребрени и бронзени плакети.
Наградуван е и за новинарство стрипови и хумуристични текстови.
Блаже Докуле е најпечатениот автор во македонската карикатура веќе 50 години со непрекината работа.
OhridNews











