Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод 76 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ “Дебрца”, организира свечаност што ќе се одржи на 11-ти ноември, понеделник.

Одбележувањето ќе почне во 10 часот со полагање свежо цвеќе на соменикот во село Сливово, каде за бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски, професор по историја. Предвидена е и посета на спомен домот.

Во 11.30 часот ќе се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во село Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски, а ќе се изврши и посета на ликовната изложба во ОУ “Дебрца” во Белчишта.

Свечената програма по повод патрониот празник на ОУ „Дебрца“ ќе почне во 12 часот.

OhridNews