Недоразбирањата помеѓу сопругот педагог во едно од основните училишта во градот и сопругата полицајка вработена на охридскиот аеродром, завршија со убиство и самоубиството што се случи вчера попладне околу 17.30 часот во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски“.
Иако постојат одредени индиции полицијата сеуште не соопштува како се случила и што ја предизвикало семејната трагедија, освен тоа дека според првичните неофицијални информации од истрагата, убиството и самоубиството биле извршени со пиштол.
Соседите со неверување ја примија веста за смртта на двајцата сопружници на возраст од околу 30 години, кои зад себе оставија две малолетни деца, од 7 години и 7 месеци. Видно вознемирени се воздржаа од коментар.
На местото на несреќата до доцна во ноќта траеше полицискиот увид, а со официјална информација за немилиот настан надлежните органи најавија дека ќе излезат во текот на денешниот ден.











