Убиство и самоубиство се случи во близина на спортското игралиште во населбата Воска. Според првичните, неофицијални информации, маж на околу 40 годишна возразт ја застрелал   Ж.Т. (40) од Охрид, по што си го одзел животот.

Очевидец на настанот ни раскажа дека на крвавиот настан му претходела жестока расправија, по што мажот истрелал повеќе куршуми во жената по што си пукал во слепоочницата. Жената од здобиените повреди починала на лице место, додека мажот со знаци на живот бил пренесен во општата болница во Охрид, но на пат кон таму, починал.

На местото на настанот увид изврши екипа на СВР Охрид и истражен судија. Од охридската полиција сеуште нема официјални информации за трагичниот инцидент што околу 14 часот се случи во населбата Воска.

наскоро повеќе информации

Ohridnews