На 03.02.2017 година во 09,00 часот во Крушево во с.Светомитрани, во колонијална продавница вработената М.П. (34) по кратка расправија, со ловна пушка испукала два истрели во пределот на градите на Н.Д. (44) од истото село, по што истиот починал на самото место, информира МВР.
Продавачката била приведена во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полицијата, кои работат на расветлување на немилиот настан.
OhridNews