Убиство се случило вечерва нешто пред 20 часот во семејна куќа во охридското село Орман. Како што информираат од СВР Охрид, убиен е маж на возраст од 53 години.
Во тек е увид, а повеќе детали за немилиот настан полицијата најави по завршување на истрагата.












