Во текот на денешниот ден во засега неутврдено време во Скопје, на ул.„Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и с.Мирковци, непознат сторител со огнено оружје пиштол извршил убиство над Џемајледин М.(1987) од Скопје, на тој начин што испукал кон истиот повеќе куршуми, во пределот на главата и горниот дел од телото,соопшти полицијата.
Телото на Џемајледин го забележала Ежителка на с.Брњарци-Скопје, која го пријавила настанот. На метсото на настанот извршен е увид, а по нареднба на истражен судија врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Од лице место подигнати се траги слични на крв, еден куршум, шест чаури од испукани куршуми, три проектили и еден фрагмент од проектил од испукани куршуми.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
OhridNews