И оваа пролет во рамките на проектната активност „планинарење“, наставниците и учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“, организираа планинарска тура од местото „Два јавора“, до с.Велестово во должина од 20 км.
И овојпат турата попатно ги носеше учесниците по месноста „Суво поле“ до куќата Шербојца на Н.П.Галичица каде го имаа и првиот одмор.
По пријатниот одмор групата продолжи кон пештерата „Саматска дупка“.
Пријатното и сончево време го зголеми задоволството од престојот во природа
Како и на досегашните планинарски тури на Галичица, стручна помош учесниците на маршот добија од вработените во Н.П.Галичица, кои цело време беа со учениците и ги информираа за природните богатства кои ги има охридската планинска убавица.
Планинарската тура предизвика голем интерес кај учениците. Учествуваа 240 ученици, а најмалиот учесник Јана Голабоска има само 9 години. По неколку часа пешачење планинарите пристигнаа до с.Велестово од каде исполнети со задоволство и силни импресии се упатија кон своите домови.
На оваа веќе традиционална планинарската тура присуствуваа повеќе професори и директорто на охридската Гимназија Наум Рилкоски, како и познатиот шумен Жанко З’ш Голабоски.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.