Во конкуренција на 2300 ликовни и литературни творби од ученици од Македонија, Србија и Република Српска, охриѓанката Марина Климоска од ОУ „Братство Единство“ под менторство на проф. Јованка Љаткоска, ја освои третата награда за литературна творба  во категоријата од 5-то до 8-мо одделение, на шестиот по ред Медијана фестивал за детско творење и творење за деца.

Инаку, фестивалот кој е во организација на градската општина Медијана, оваа година беше посветен на ликот и делото на српскиот писател Душан Радовиќ . За наградените ученици следува  диплома, книга и парични средства.

OhridNews