Ученичката во прва година во ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Крстаноска член на литературната секција, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски го освои второто место со прозна творба на литературниот награден конкурс „Животот и делото на Васил Иљоски“.  

По повод одбележувањето на 20 години од смртта на познатиот македонски писател Васил Иљоски, Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево  на 15 септември 2015 година го распиша овој литературен конкурс на којшто учествуваа ученици од основните и средните училишта во Република Македонија.   

Изборот на наградените го изврши стручно жири составено од членови на „Академик“.

OhridNews