
Аспасија која настапи под менторство на наставничката Марија Ставреска, до успехот стигна во конкуренција на 24 ученици од цела Македонија, кои се селектираа низ регионалните натпревари, меѓу кои беа и 3 ученици од Охрид.
Со освоеното прво место на државно ниво, ученичката Аспасија Цветкоска се стекна со стипендија за 2 неделен курс по германски јазик во Германија, која ја обезбедува Гете институт. Исто така ученичката Аспасија доби и стипендија за учество на интернационалната Олимпијада по германски јазик, што ќе се одржи во Франкфурт наредното лето.












