Ученичката од втора година Марија Танеска , од ОСУ „Св. Климент Охридски“, го освои третото место на наградниот конкурс за ЕСЕЈ, организиран од Институтот Данте Алигиери- Скопје.
На 26 Април, Институтот Данте Алигиери – Скопје, организираше еднодневна мултимедијална работилница на тема: На патување со Данте – In viaggio con Dante. Целта на оваа работилница беше италијанската култура и јазик, интерактивно да се доближат до младите.
Во рамките на оваа работилница имаше и награден конкурс за најдобар есеј, поврзан со темата на работилницата, каде под менторство на професорките по италијански јазик Милијана Машановиќ и Марија Блажеска, учествуваа ученичките од гимназијата „Св. Климент Охридски“, Мартина Целеска и Марија Танеска од втора година како и Магдалена Симоноска и Викторија Јованоска, ученички од трета година.
Ученичката Марија Танеска, од втора година, под менторство на проф. Милијана Машановиќ, ја освои третата награда.
OhridNews