Викендов во Радовиш се одржа шестиот по ред Државен натпревар по информатика за ученици од основно образование. На натпреварот, по пат на квалификации се натпреваруваа дваесет ученици од државава.

Ученичката Марија Цветаноска од О.У. “Братство Единство” под менторство на проф. Марија Пупиноска – Гогова ја освои првата награда.


Учениците Марко Сладиќ ( О.У. “Христо Узунов”, ментор проф.Горица Дуцкиновиќ), Јана Митреска ( О.У. “Ванчо Николески”- Лескоец ) и Кети Маркоска ( О.У. ”Живко Чинго”- Велгошти) и двете под менторство на  проф. Дубравка Узунова, исто така покажаа одлични резултати и беа пофалени за нивната работа.


– Натпреварот се состоше во оценување на учениците во три категории од областа на апликативните вештини: креирање и презентирање квалификациска задача – „Биди креативен“, решавање тест и практична работа. Победничката покажа одлично познавање на апликативните програми, а нејзината квалификациска задача од страна на тричлената комисија беше највисоко оценета со три десетки”- изјави професорката Марија Пупиноска- Гогова.

OhridNews