Со тоа, ученичката од „Живко Чинго“ обезбеди учество на државниот натпревар што на 19 октомври ќе се оддржи во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје што традиционално го организира Здружението на библиотекари од Македонија.
– Задоволни сме од покажаното знаење на оснвците. Сите успешно одговорија на поставените прашања, но секако еден ученик мора да се избере како најдобар. Големо е задоволството што интересот за учество на општинскиот натпревар од година во година е се поголем, бидејќи освен да покажат знаења, целта е учениците од различните училишта меѓусебно да се дружат и запознаат, вели директорката на охридската библиотека, Александра Белеска.
Сите учесници на натпреварот добија благодарници, додека пак првонаградената доби пет книги од книжниот фонд на библиотеката и диплома.