Ученичката Нина Стевоска од ОУ „Григор Прличев“, заедно со ученичките Ева Коловска и Христина Чакаровска од партерските PASCH – училишта на Гете институт од Скопје, во придружба на наставничката го германски јазик Билјана Атанасовска од 18 до 21 октомври присустуваа на детскиот самит во Нирнберг, Германија. .

Во Нирнберг тие учествуваа на изградба на Скулптурата на слободата и тоа на меморијално место на фашизмот. Скулптурата е висока 4 метри и е изградена од пластични оружја (играчки) кои младите низ целиот свет ги донираа и на тој начин симболично ја искажаа нивната желба за мир во целиот свет.

OhridNews