По повод 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, Општина Охрид распишува Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба и и конкурс за најдобра ликовна творба.
Темата на конкурсите е Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.
На двата конкурси ќе бидат доделени награди во три различни категории:
Прва-За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
Втора-За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
Трета-За ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Износот на првата награда во сите категории е 3.000,оо денари;
Износот на втората награда во сите категории е 2.000,оо денари;
Износот на третата награда во сите категории е 1.000,оо денари.
Изборот на најдобрите творби ќе го направи тричлена жири комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид. Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 20.05.2020 година, треба да се доставуваат на следната адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“бр.57 ( со назнака: За Литературен Конкурс и со наведена категорија за која се конкурира, односно со назнака: За Ликовен Конкурс и со наведена категорија за која се конкурира ).
За конкурсот за најдобра поетска творба, авторството се докажува со четвртиот примерок. За конкурсот за најдобра ликовна творба авторството се докажува со копија од ликовната творба.
OhridNews












