Во периодот од 12 до 15 мај во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се 10 ученици и 5 професори од техничкото училиште од Ваљево од Република Србија, информираат од училиштето.

Постета е во рамките на потпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства, велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека во рамките на посетата биле одржани заеднички часови на кои учествувале и учениците од Ваљево, а биле запознаени и со културно-историските обележја низ градот.

OhridNews