Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс при Општинската организација Црвен крст од Охрид на тема „Заедно за убав и хуман свет“ и освоија прво, второ место и пофалница.Под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, Ирена Ралева Најдевска, прва награда за најдобра поетска творба освои ученичката Андријана Огненоска, додека ученикот Никола Илиоски освои пофалница за прозна творба.

Прва награда за најдобра ликовна творба (техника мек молив) освои Андријана Огненоска, а ученикот Селмир Рамадан освои втора награда за ликовна творба (техника мек молив). Овие ученици беа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Жанета Стаиќ Митреска, вработена во нашиот училиштен центар.

 

OhridNews