Ученици од ООУ „Ванчо Николески“ во рамки на проектот „Донеси понеси книга“ беа во посета на охридската Библиотека. Проектот се реализира во рамките на предметот Граѓанско образование, а има за цел учениците да пројават поголем интерес кон книгата, да се поттикнат слободното време да го минуваат во друштво на книгата, да ја разберат големината и значењето на книгата во однос на писменоста, елоквентноста, изразувањето, видикот и широчината на отворениот ум, но и да се предочат негативните страни на дигиталниот свет.

Учениците беа информирани за секојдневната работа во Библиотеката, за патот на книгата од нејзината набавка, обработка и до пултот за зајмување. Истовремено беа зaпознаени и со сите други работни обврски кои се извршуваат во установата, а се во интерес на граѓаните, информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Завршниот настан од проектот – Презентацијата и Новогодишниот базар ќе се одржат  во петок 24 декември од 11 часот.

OhridNews