Учениците од Основното музичко училиште Методи Патче беа помеѓу најдобрите на Меѓународниот натпревар по камерна музика, кој се одржа во Кавадарци на 28 и 29 ноември.
Софија Коруновска и Бојан Секулоски по водството на професорите Ана Крстаноска и Емилија Маринова во дисциплината пијано-дуо ја освоија првата награда.
Во дисциплината состави со пијано Ева Китрозоска (пијано), Мила Тотеска (виолина) и Десарт Елмази (виолина) исто така ја освоија првата награда На успешното трио ги предводеа професорите Ана Булоска Рилкоска, Кирил Бели Стојаноски и Мухамед Бајрам.
OhridNews














