Учениците од ООУ „Св. Наум Охридски” с. Пештани, заедно со подрачните училишта во Коњско, Елшани и Трпејца активно се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност од 16 до 22 Септември 2022 година која го носи мотото: „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.
Активностите започнаа од 20 септември кога се одбележа „Ден без автомобили“. Учениците возеа велосипеди во училишниот двор, скејборт, стекнаа знаење како правилно да се одржува велосипедот и имаа низа активности за безбедно учество во сообраќајот, вели наставничката Лила Каранфиловска, координатор на активностите.
Во следниот период учениицте од 1 до 5 одделение, додава Каранфиловска, изработуваа плакати, картички со кои испратија пораки за чист воздух за здраво детство, помалку да ги користиме автомобилите, а повеќе велосипедите, затоа што ја загадуваат околината, да градиме здрави еколошки навики и уште многу пораки напишани и испратени од вредните детски раце.
Во текот на воннаставните активности се дискутираше за значењето на климатските промени, заштитата на животната средина и одржливиот начин на транспорт. Децата испратија силна и јасна порака: САКАМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ., додава Каранфиловска.
OhridNews




















