Националниот парк Галичица во текот на вчерашниот ден беше домаќин за ученицитe од средните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Св. Наум Охридски“ од Охрид.

Посетата беше дел од проектот „Подршка на иницијативи предводени од млади за заштита и одржлив развој на светското наследство на Унеско – Охридско Езеро“, кој се реализира во рамки на „Програма за партиципација со УНЕСКО“, информираат од НП Галичица.

Инаку, проектот е спроведен од Центар за ресурси во животната средина Resource Environmental Center – REC North Macedonia.

OhridNews