Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески” постигнаа високи резултати на петтиот државен натпревар „Лидер на струка 2018” што се одржа во Штип.

Дарко Ристески–готвач го овои првото место, Лидер на струка под менторство на професор Војо Ангелоски. Ертан Мехмедоски–келнер трето место под менторство на професор Зоран Нанески, Христијан Талески–угостителски техничар второ место, под менторство на професор Блаже Јорданоски, Станка Бежоска–хотелско-туристички техничар трето место, под менторство на професорката Јелиз Караман Бешир.

На натпреварот учествуваа 30 ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка од седум училишта.