Учениците од охридската Гимназија со одлични резултати на одржаниот општинскиот натпревар по физика Сите ученици се пласираа за регионален натпревар кој ќе се одржи во април, информираат од училиштето.
Максимален број на поени освои Горазд Блажески од трета година, но исто така одличен успех имаа и Нина Стевоска, Константин Лушески, Ева Китрозоска, Кристијан Шишкоски, Ивана Базгалоска, Илија Волканоски, Дарио Павлески, Горазд Тримчев и Софија Ставрева, додаваат од училиштето.
Потенцираат дека учениците се под менторство на Димитрија Паункоски, Јасмина Јанева и Виолета Никовска.
OhridNews












