Леонид Тодороски, ученик во VIII одделение под менторство на наставникот по математика Александар Ангелевски стана државен првак по математика.
Со постигнатиот успех Тодороски обезбеди учество на математичката олимпијада, информира училиштето.

На Регионалниот натпревар по природни науки и биологија учениците од V одделение под раководство на проф. Даниела Стојаноска освоија следни награди: Матеа Грозданоска – освоена втора награда и пласман на државен натпревар, Владимир Николоски-пофалница, Јована Ѓоршовска-пофалница и Лина Донеска-пофалница. Учениците од VI одделение под раководство на проф. Владо Андрески освоија следни награди: Ана Зороска – втора награда и пласман на државен натпревар, Софија Стојаноска-трета награда, Ања Гиноска-пофалница и Ангела Гиновска – пофалница. Учениците од VII одделение под раководство на проф.Лиле Белева освоија следни награди: Петар Стојаноски втора награда – и пласман на државен натпревар и Филип Гиноски-трета награда. Ученичката Јована Митреска во осмо одделение беше пофалена под менторство на проф. Лиле Белева. Учениците од IX одделение под раководство на проф. Владо Андрески освоија следни награди: Марија Зороска-втора награда и пласман за државен натпревар, Наталија Танеска – трета награда, Калина Стојаноска-пофалница и Јана Цамтоска-пофалница. – информира ООУ „Христо Узунов.
OhridNews











