Ученици и наставници од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, реализираа посета на збратименото училиште ТУШ „Тоза Драговиќ“ во Крагуевац, Република Србија.

Во рамките на екскурзијата  беа посетени повеќе културно-историски знаменитости, кои се обележја на градот Крагуевац, а беа разменети и искуства од воспитно-образовната работа на двете училишта.

– Учениците и наставниците со бројни  рекламни  материјали и сувенири на достоен начин го промовираа, не само нашето училиште, туку и градот Охрид, а преку нив и Република Македонија, велат од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“.

OhridNews