Во посета на ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“ деновиве се ученици и наставници од збратименото училиште „Тоза Драговиќ“ од Крагуевац, Република Србија.
По тој повод домаќините организираа пригодна програма која се одржа во просториите на училиштето.
– Ваквите средби се една убава можност да се зацврстат врските за мир и пријателство, да се воспостави чувство за љубов, братство, солидарност и соработка, како и споделување на културните и историските богатства меѓу нашите училишта, професори и ученици, рече во дел од обраќањето пред гостите од Србија директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски.
OhridNews