– Талентираните ученици секогаш ќе бидат поддржани од страна на Локалната самоуправа бидејќи тие се најдобрите репрезенти на традицијата на охридското образование, култура, а образованието на младите генерации представува основа за градење на едно побогато општество и иднина како за локалната така и за пошироката заедница”, истакна Градоначалникот Бакрачески.
Од локалната самоуправа потенцираат дека во наредниот период ќе се посвети особено внимание на откривањето, стимулирањето и работата со талентираните ученици, и тоа почнувајќи од градење на образовна политика во Општина Охрид за работа со овие ученици, преку нивно откривање-детекција, па сè до ангажирање во конкретни проекти.
За таа цел, ќе се стимулираат програми од повеќе области за развивање на инструменти и критериуми за идентификување на талентирани и надарени ученици од основното и средното образование. Општина Охрид ќе спроведе соодветна стратегија во училиштата за поддршка на овие ученици и ќе изработи програми за работа и следење на нивното напредување.