Ученици од охридското основно училиште „Кочо Рацин“ се добија голем број награди и подароци од здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, преку кое всушност станаа уредувачи на интернет енциклопедијата Википедија.

По базичната обука на Вики-кампот кој се реализираше во Берово, во декември минатата година, учениците од Вики-клубот на ОУ „Кочо Рацин“ добија сертификати на уредувачи на истата.

Клубот има одржано неколку средби во рамките на училиштето, но учениците „работат“ (уредуваат) од дома, со што веќе поминатото време пред компјутер го чинат максимално корисно. Ветија дека ќе продолжат поттикнати со помислата дека треба Википедија на македонски јазик да биде побогата, вели Наташа Неданоска, наставник по македонски јазик, координатор на Вики-клубот и официјален ментор-уредувач на Википедија.

Во периодот јануари-февруари 2018 година, учениците од Охридското училиште напишаа голем број на статии кои се прифатени и објавени на енциклопедијата, а за трудот, секој во своја категорија, добија симболични награди и дипломи за освоени места.

OhridNews