Во рамки на проектот „Светското наследство во рацете на младите“ што го финансира УНЕСКО,  ученици од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид ќе бидат вклучени во активностите за истражување на културното наследство на локалитетот Св. Наум.

Како што информираат од училиштето, проектот има за цел подигнување на свеста кај населението за потребата од зачувување на културните и природните богатства, како и поттикнување интерес за локалитетот „Свети Наум“ како туристичка атракција.

Проектот, во чии рамки ќе бидат изработени флаери и брошура, ќе се реализира преку дополнителни часови по биологија, географија, стручни предмети и проучување на културно-историското наследство на овој значаен локалитет.

OhridNews