По повод денот на пролетта, 21-ви март, Ј.П.”Охридски Комуналец”, Општина Охрид и основните школи на територијата на Општина Охрид, организираат заедничка акција за чистење на околината.


Акцијата ќе се одржи на  21- ви март, понеделник, со почеток во 8 часот,  во која свое учество ќе земат вработените и учениците, а  ќе се одржува на повеќе локации. Учениците од ОУ “Наум Охридски”- Пештани заедно со вработените од Комуналец ќе го чистат крајбрежниот појас и плажите во Пештани и на потегот од  населба Лагадин до Пештани  (плажи кои не се дадени под концесија). Учениците од ОУ “Климент Охридски” ќе го расчистуваат шумскиот дел во стариот дел од градот и крајбрежниот дел околу школото во населбата Далјан. Учениците од другите школи ќе ги расчистуваат школските дворови и просторот околу училиштата.

По овој повод Ј.П.”Охридски Комуналец”  во зелениот појас низ целата должина на “Булевар Туристичка” ќе засади 50 украсни оформени садници од сопствено производство. Вработените од ова јавно претпријатие ќе бидат присутни на сите пунктови каде се одвива акцијата и  ќе вршат координација  на активностите.

OhridNews