Учениците веќе се привикнуваат на новите општински “училници” во кои се уште не се инсталирани сите табли, ниту пак е во функција парното греење, а го нема и елктричното ѕвонче, кое е заменето со ѕвонец-клопотарец, и со кое привремено ќе се тропа за почеток и за крај на часот.
Тука, веќе се одржаа и родителските средби на кои родителите беа запознати со успехот на учениците по третото тромесечие, но и со привремената новонастаната состојба со училиштето. Учениците, а особено наставниците се потрудија да ги прилагодат своите работни обврски за да не трпи наставата во никој случај.
OhridNews