Здружението за заштита и унапредување на животната средина и алтернативен туризам, „ Јадраснки слив“ од Охрид, ќе започне со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“ .
Целта на проектот е едукација на учениците од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилното развивање и потикнување на спортско – рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина.
Проектот, кој ќе се одвива преку предавања во училиштата во Охрид и Струга и преку издавање на брошури ќе започне утре во 12 часот ОУ „Христо Узунов“.
OhridNews