Синоќа на градскиот плоштад во Охрид, со настапот на учениците од основните училишта „Братство Единство“ и „Григор Прличев“, продолжи десетдневната новогодишна програма која ја подготви локалната самоуправа.
Настанот беше надополнет со настап на македонската поп ѕвезда, Ламбе Алабакоски, на новоотвореното лизгалиште на мраз на градскиот плоштад во Охрид.
Во наредните денови до 30 декември,во рамки на новогодишната програма ќе настапуваат ученици од сите охридски основни и средни училишта, членови на културно уметнички друштва, и актери од охридскиот театар.
O.T.