Ученици од третите одделенија од Основното училиште „ Братство- Единство“ денеска ја посетија општинската зграда каде од страна на секретарот Димитар Спасески, беа запознаени  со функционирањето на Локалната самоуправа.

Во големата сала на  општината,  за учениците  беше организирана  симулација  на работата  на Советот на општина Охрид, при што беше избран и претседател на Советот, а останатите во улога на советници  поставуваа прашања . Секретарот Димитар Спасески, на учениците им ги објасна ингеренциите  на Локалната самоуправа, нејзината организациона структура и  функционирањето на администрацијата.

Третоодделенците од ОУ „ Братство- Единство“  имаа можност да ги разгледаат и  кабинетите на градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот, а посетија и неколку работни простории од општинската администрација.   

OhridNews