Народен театар Охрид гостуваше во општина Дебарца, село Мишеишта со детската претстава „Пат околу светот“ во режија на Драгана Таневска, а во изведба на актерите Билјана Билаловиќ, Сашо Ристески, Павел Маслов, Ивица Цонев.
Претставата беше изведена за учениците од прво до четврто одделение при од ОУ „ Дебрца“.
Детската претстава „ Пат околу светот“ премиерно беше изведена на крајот на септември со што беше отворена новата сезона на охридскиот Народен театар.
OhridNews