Мотивирани од акцијата по повод Неделата на гладта, учениците кои се истовремено и волонтери Ивана Мирческа, Наташа Тасеска, Антонела Трајкоска и Марија Стојанова поддржани од професорката Доста Недеска која и самата е долгогодишен активист на Црвениот крст, како и стручната служба на училиштето ја спроведоа активноста ,,Од децата за децата“.
Од нивна страна беа подготвени пакетчиња со прехрамбени производи кои се наменети за децата од социјално загрозените семејства од нашиот град и Општина Дебарца .
– Оваа акција се реализира неколку години со ред и треба да претставува пример и мотив и за другите училишта, додаваат од општинскиот Црвен крст .